четврток, 30 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Влага и мувла ја грдат струмичката црква стара еден век – започната кампања за донации за реконструкција

четврток, 28 март, 2024 | 10:33
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Влага и мувла ја грдат струмичката црква стара еден век – започната кампања за донации за реконструкција

Црквата посветена на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј во горниот дел на Струмица секојдневно им служи на верниците, но има потреба од реконструкција. Струмичката епархија на МПЦ-ОА се обрати до јавноста со соопштение во кое најави дека е започната кампања за собирање донации за реконструкција на овој храм.

Во соопштението на епархијата се наведува дека во неколку наврати од Министерството за култура, под чија заштита е овој објект, било побарано да се издвојат финансиски средства за реализација на градежните зафати, но немало позитивен одговор.

„Не смееме да дозволиме незаинтересираноста и негрижата на државните институции да му пресудат на храмот кој ги надминува и времето и просторот. Не смееме да дозволиме влагата, мувлата и коровот да го нагрдуваат убавото лице на нашата светиња, која се одликува со специфична архитектонска посебност и уникатност и кој е еден од белезите на Струмица“, велат од епархијата.

Текот на планираната реконструкција на „Св. Кирил и Методиј“ веќе е мапиран со комплетна документација, изработена од градежната компанија „Жикол“ и стручни лица од НУ „Завод и Музеј“ Струмица, кои тоа го направиле бесплатно, како дар за црквата.

Епархијата ги повикува сите добронамерни граѓани, компании, да донираат на жиро сметката: 300030000110760, Комерцијална Банка АД Скопје, со цел на дознака: Донација за храмот на Св. Кирил и Методиј.

Црквата „Св. Кирил и Методиј“ е една од најзначајните знаменитости на градот. Во неа се чуваат дел од моштите на Свети Василиј Велики, кои секоја година се изложуваат на поклонение пред верниците. Во оваа црква е погребан и струмичкиот митрополит на Бугарската егзархија Герасим, кој во Струмица служел 27 години, до крајот на својот живот во 1918 година, а две децении од своето служење овде го посветил на остварување на изградбата на оваа црква, што вродило со плод во 1911 година, кратко пред падот на османлиската власт во Македонија.

Историјата на овој храм посветен на сесловенските просветители е дел од преродбенската историја на Струмица. До изградбата на оваа црква, егзархискиот дел од населението своите верски потреби ги исполнувал во еден параклис, бидејќи градската црква „Свети Димитриј“, која се наоѓала на местото на денешното основно училиште „Маршал Тито“, била во рацете на Вселенската патријаршија, која, одликувајќи се со својот грчки етнофилетизам, одбивала да дозволи оваа црква да ја користи останатиот дел од христијанското население на Струмица. Таа се спротивставувала на изградбата на црквата „Св. Кирил и Методиј“, без да бира средства, поткупувајќи ги османлиските власти да не издаваат ферман – дозвола за изградба на црквата, која денес, по еден век од овие борби, го краси стариот дел на Струмица. /К.Ѓ./

ShareTweetShare
Previous Post

На 7 Април 25-ти Меморијален планинарски марш „Ванчо Атанасов 2024“

Next Post

Промоција на сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров

Related Posts

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Вести

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност

среда, 29 октомври, 2025 | 16:55
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Вести

Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател

среда, 29 октомври, 2025 | 15:07
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица
Вести

Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

среда, 29 октомври, 2025 | 12:42
Маж со пушка им се заканувал на две жени во Струмица
Вести

Приведени двајца млади момчиња, кај нив во автомобилот е пронајдена марихуана

вторник, 28 октомври, 2025 | 11:26
Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица

понеделник, 27 октомври, 2025 | 14:26
Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница
Вести

Дел од новите членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата – во среда првата конститутивна седница

понеделник, 27 октомври, 2025 | 11:47

ТОП ВЕСТИ

Јанков до советниците: Секој ваш потег треба да биде воден од јавниот интерес, а секоја одлука да биде донесена со целосна одговорност и отчетност
Новиот Совет на општина Струмица ја одржа првата конститутивна седница – Никола Маџунков е избран за претседател
Никола Маџунков е избран за претседател на Советот на општина Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist