Авион на Дирекцијата за заштита и спасување е активиран во гасењето на пожарот во непосредна близина на градот Струмица. До сега изгореа три викендици (помошни простории). Струмичките пожарникари со помош на пожарникари од Валандово и четири „пинцгауери“ се справуваат со пожарот, кој попладнето избувна во непосредана близина на градските гробишта од место полно со автомобилски гуми, кои биле опожарени и истиот се проширил во околината.