Од Противпожарната единица на Стумица информираат дека во изминатите два дена, ТППЕ Струмица имаше вкупно седум интервенции и тоа: Депонија кај село Банско, Електричен столб во село Пиперево, депонија на улицата „Ристо Ќурчиев“, Сува трева и ѓубре кај Добрашинци и Сарај и депонии во Банско и Дражево
Речиси сите пожари се предизвикани од човечки фактор, тврдат од таму.
„Секое неконтролирано палење на растителен и друг отпад може многу лесно да предизвика големи материјални штети и загрозување на човечки животи“ – потенциираат од ТППЕ Струмица.