За да го поминеш патот на успехот, многу често треба да бараш инспирација. Тешката судбина на еден самохран родител на дете со аутизам и неговите секојдневни предизвици ќе бидат инспирација да започне сопствен бизнис.
Уште една успешна приказна за претприемачите од Југоисточниот регион ќе ни раскаже Коста Тимов, сопственик на ресторанот „Кај Виктор“, како дел од активноста поддршка и промоција на бизнис секторот имплементирана преку Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.