вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

ВИДЕО: „Струмица се гуши“ – создадена песна за енормното загадување во Струмица со повик во сабота сите на протест

среда, 29 јануари, 2025 | 10:04
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Секојдневното енормно аерозагадување во Струмица во периодот на зимата, а во пресрет на најавениот протестен марш на 1 февруари низ улиците на Струмица од вчера си доби песна: „Струмица се гуши“ со видео спот, создаден од извесна „Ајљак Магарина Продукција“ на YouTube каналот. Рап музика со одличен текст и порака до надлежните, но и дека „народот спие“ и дише отров…

„Ало, ало… мерна станица до народот

300 A.Q.I. – црвен код!“

Струмица гори, а народот спие

Некој вика магла, ама знаеме што се крие

ПМ 2.5 во небото лета

А ние мислиме нормално е сѐ да е така

Зима по зима, иста приказна тече

Градот се дави, а некој ќе рече

„Само магла е“ – класична оправдувачка

Додека здравјето полека се влошува.

Дишеме отров, а викаме магла (еј!)

Петрол кокс гори, а народот спие (што?)

300 A.Q.I. , па што ќе биде?

Отвори очи, време е да се види!

Сулфур диоксид над дозвола скока

Филтри нема, само чад од високо

„Природна појава“ – лажна утеха

Додека градот полека се гуши без здив да зема

Инверзија, магла, класично оправдување

Ама мерните станици покажуваат труење

Од исток до запад – црни облаци

А ние седиме дома ко заробени птици.

Време е за промена, не за молчење (еј!)

Чист воздух бараме, не празно зборење (да!)

Од Скопје до Берово истата прикаска

Ама Струмица води – црна статистика

Зелени визии, а дишеме црно

Ветувања празни, а небото засмрдено

Нема веќе време за празни муабети

Дојде време да се крене свеста на сите!

Индустрија цвета, а народот вене

Петрол кокс гори, а градот пленет е

Фабрики без филтри, диви депонии

А после се чудиме на респираторни агонии

Зимата иде, а со неа и маглата

Ама знаеме дека тоа не е само таа

Мерачите покажуваат – бројки алармантни

А ние си молчиме, ко да сме арогантни.

Дишеме отров, а викаме магла (еј!)

Петрол кокс гори, а народот спие (што?)

300 A.Q.I., па што ќе биде?

Отвори очи, време е да се види!

Отвори очи, види што се случува

Загадувањето расте, а народот се мачи

Време е за акција, доста со приказни

За почист воздух – сите сме важни

Струмица вика, ти слушаш ли?

Воздухот црн е, ти гледаш ли?

Промена носи само будна свест

Крени се сега, време е за протест!

„Мерна станица до народот… крај на пренос“.

ShareTweetShare
Previous Post

Прекинување на прагот на алармирање во Струмица

Next Post

На 17 километри од Струмица регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени

Related Posts

Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53
Магазин

Точете гориво на Бензинските станици „БЕНЗОИЛ“ за 4 денари/литар поефтино од редовните цени

понеделник, 15 септември, 2025 | 15:07
Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist