Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов кој заедно со заменик директорот на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов се наоѓаат на планината Готен, каде десет дена беснее шумски пожар, за пожарот кај градските гробишта во Струмица вели дека нема потреба од паника, граѓаните да не се вознемируваат. Согоруваат гуми од автомобил, а пожарникарите се на лице место и имаат воспоставено делумна контрола…