„Првиот булеварски мост во историјата на Струмица „Обединување“ на реката Водочница е во завршна фаза. Деновиве се вршеа најспецифичните градежни активности, поставувањето на големите бетонски плочи, со нив 70 проценти од мостот се веќе завршени. Овој мост е основата за реализација на уште поголем проект, изградбата на новиот булевар „Братство Единство“ со кој добиваме ново грло во градот“ – објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.