Денеска полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село.
Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.
За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навллезе во дабова и букова шума, информираат од МВР.
Според информацијата од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се уште две жаришта од големиот пожар на планината Огражден. Пожарот се гасне и од бугарската страна на границата и со градежна машина е направен пристапен пат за да може да се движи теренско против пожарно возило за да го гасне пожарот.