„Дел сум од ЗНАМ – За наша Македонија затоа што оваа партија е партија на борбени, на храбри, но и на нови луѓе, нова енергија што ќе донесе коренити промени и голема победа во Македонија. Затоа сум посебно горд што токму такви луѓе ми ја дадоа довербата. Знам дека нашиот македонски народ е ист како нас, чесен, вреден, работлив. Нашата партија е создадена од луѓето и ќе им служиме само на народот“, кажа меѓудругото во своето обраќање на Конвенцијата на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков од Струмица – носител на листата за пратеници во 4-та Изборна единица од оваа нова партија предводена од лидерот Максим Димитриевски.