Вечерва во чест на наградените на годинашното издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, откако жири комисијата во состав: Зејгам Азизов, Ганимет Сава и Никола Пијанманов официјално ќе ја соопшти својата одлуката, пред вечерните проекции, во 20:30 часот во Амфитеатарот, ќе има и кратко претставување на ДВД-то „Македонски кратки играни филмови“ во издание на Кинотека на Македонија, по што ќе следуваат неколку култни филмови од ризницата на македонската кинематографија.
Меѓу другото, ќе се прикажат дигитално реставрираната верзија на „Црно семе“, во знак на 5 години од смртта на Кирил Ценевски, како и наградуваниот краток игран филм „Со кренати раце“ на Митко Панов.