13 август | Градски парк Струмица
#МозаикОдЕмоции #СОФ2025 #14тоИздание
Финалната вечер на „Струмица Опен Фестивал 2025“ носи неверојатна енергија, големи музички имиња и журка за паметење!
19:30 часот – Ana & The Girls
Талентиран женски бенд кој плени со харизма, свежина и автентични интерпретации – совршен старт на последната фестивалска вечер.
20:30 часот – Каролина Гочева
Една од најголемите музички ѕвезди на македонската сцена, со вечер полна емоции и безвременски хитови.
22:00 часот – The Ringtones
Скопскиот бенд познат по најголемите журки пристигнува во Струмица за спектакуларно затворање на СОФ 2025!
„Три настапи, една вечер и море од емоции – дојдете да ја заокружиме оваа фестивалска приказна заедно“ – стои во поканата од организаторите на „Струмица Опен Фестивал 2025“.