Ако сте љубители на фолклорот вечерва (сабота 3 мај), од 20:00 часот на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица ќе се одржи вистински фолклорен настан на кој културно-уметнички друштва од седум држави ќе имаат свој настап пред струмичани во рамките на 32-от Меѓународен фестивал Пролетни веселби „Хид Бах Шен Фест“, кој од вчера до 7 мај се одржува во селото Чалакли, валандовско.
Ќе настапат играорци од Турција, Молдавија, Грција, Косово, Бугарија, Црна Гора и од Македонија КУД „Браќа Минкови“ од Куклиш, општина Струмица.
Пред почетокот на настанот ќе има дефиле на сите играорци – учесници, од ресторанот „Шалом“ до плоштадот „Гоце Делчев“.
Фестивалот Пролетни веселби „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“ е првиот официјален фестивал на турската заедница во Македонија. Пролетното прославување ХИДРЕЛЕЗ во декември 2017 година се впиша во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријалното културно наследство на човештвото на Конгресот на УНЕСКО во Јужна Кореја.