Во рамките на „Classic International Festival Strumica 2023“ Македонскиот мешан хор „Мелизма“, под диригентство на Марија Андонова вечерва (сабота, 3 јуни) од 20:00 часот ќе одржи концерт во црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица.
Мешаниот хор „Милизма“ постои од 2015 година. Хорот настапува на многу фестивали низ Европа, а изведува музика од различни култури.