Одбојкарите на „Струмица Никоб“ и „Шкендија“ од Тетово денеска ќе го одиграат големото дерби од плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат. Дуелот кој одлучува за врвот на табелата е на програмата денеска од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, а како предигра на овој дуел, викендов се одиграа преостанатите дуели од втората фаза на натпреварувањето во плеј-офот и плеј-аутот.