Денеска во спортската сала „Партизан“ во Струмица се одржа традиционалниот меѓународен турнир во одбојка за ветерани, кој повеќе од една деценија се организира и одржува во чест на патрониот празник на Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Наместо турнир годинава само еден натпревар помеѓу екипите на Струмица и Разлог, Бугарија, бидејќи во последен момент екипите ветерани на Краљево, а потоа и на Врање од Србија, го откажаа учеството.
Ветеранските екипи на Струмица и Разлог, кои имаат 60-годишна спортска соработка, во овој единствен натпревар ги одмерија силите, а како малку подобри со резултат од 2:1 се покажаа домаќините.