Вршителот на должноста амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Штефен Худолин денеска беше во посета на Струмица, а поводот 2 години од отворањето на Европската куќа во Струмица. Худолин беше на средба во кабинетот на струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, ги посети младите активисти во Европската куќа, а присуствуваше и на свеченоста по повод ова годишнина што се одржа во Градската Уметничка галерија.
„На средбата разговаравме за придобивките коишто младите струмичани ги имаат со отворањето на Европската куќа, за реализираните активности и новите предизвици, а го запознав и со изградбата на Младинскиот центар во сутеренот на општинската зграда“, објави на социјалните мрежи Костадинов.