Најновата книга за деца „Букварче мое другарче“ од Сузана Мицева, денеска беше промоворана во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на креативна книжевна работилница со македонската азбука пред околу 300 деца.
Професорката Ана Витанова Рингачева на интерактивен начин им ги приближи содржините од книгата на децата, заедно со писателелот за деца Киро Донев и модераторот и креативен уредник Ксенија Маказлиева Трајчева од „Просветно дело“, кој е и издавач на книгата.
Децата цртаа, моделираа и креираа букви, активно се вклучија во интерактивното патување низ светот на азбуката, низ инспиративните стихови на Сузана Мицева, оригиналните илустрации на Натали Николовска и интерактивните содржини креирани од Ксенија Маказлиева Трајчева.
Прекрасни емоции, насмеани детски лица, креативни детски рачиња…