„После 40 години работиме на рехабилитација на пет локални патишта во општина Босилово со вредност од преку 600.000 евра во населените места Иловица и Штука. Ја подобруваме инфраструктурата во сите општини и плански региони. Министерството работеше и на проширување на патниот правец Робово – Муртино кој не беше рехабилитиран од неговата изградба“, ова денеска го кажа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на средба со граѓани во населените места во општината Босилово: Иловица, Штука и Турново.
Тој најави уште еден проект финансиран од Министерството за транспорт и врски – Реконструкција на дополнителни 760 метри од патниот правец Иловица – Турново.
„Како централна власт даваме силна поддршка за развој на општините и за подобар живот за сите граѓани“, додаде Бочварски.