Претседателот на ОО на СДСМ во Струмица, Борче Цветков на жените од општина Струмица им го честита Денот, 8-ми март – симбол на борбата за правата на жената.
„Драги сограѓанки, утре е 9 март. И утрешниот ден е Ваш ден, и оној што следува по него, и сите останати во годината. Бидете здрави, живи, среќни и истрајни во својата борба“ – стои во честитката на Цветков.
Цветков во придружба на претседателите на локалните клубови на жените и на младите при ОО СДСМ во Струмица, со каранфили им го честита празникот и на жените вработени во Слаткарницата „Бисер“ кај Дабиље.