Директорот на Казнено-поправната установа „Затвор Струмица“, Борче Цветков ја напушта директорката функција, ќе биде кандидат за пратеник во Изборната единица 4 на СДСМ.
„Единствената причина поради којашто го направив тоа е зголемениот политички ангажман во овој предизборен период како претседател на Општинската организација на СДСМ Струмица и кандидат за пратеник од Изборната единица број 4. Како одговорен, пред се човек, а потоа политичар, не сакам само да ја држам директорската функција и да земам плата, а да не можам целосно да се посветам на работните обврски во оваа сериозна и специфична институција“, објави Цветков.
За нов ВД директор на КПУ „Затвор Струмица“ е именуван адвокатот Владимир Михајловиќ од Струмица, кој денеска со Цветков направија промопредавање на функцијата директор на оваа установа.