ГОК „Борец“ ќе ја предизвика „Струмица Никоб“ во финалето на машкиот одбојкарски Куп на Македонија.
Велешани вечерва ја совладаа „Шкендија“ со 3:1 (14:25, 25:19, 25:17, 25:19) во полуфиналето на завршниот турнир во Радовиш, а претходно апсолутниот фаворит „Струмица Никоб“ славеше над „Универзитет во Тетов“о со 3:0 (25:19, 25:11, 25:23) и направи уште еден чекор кон 18-тиот клупски пехар, деветти во Купот.
Финалето е во сабота од 13:00 часот, а за утре се закажани полуфиналните пресметки кај дамите, Јанта волеј – Работнички Скопје од 17:30 часот и „Наковски Волеј“ – „Вардар жени“ од 20:00 часот.