СВР Струмица информира дека вчера околу 17:00 часот на локалниот пат од Ново Село кон Мокриево, струмичко, Ѓ.К.(23) од село Добрејци, струмичко, управувајки патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал надвор од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.С.(25) од село Борисово, струмичко, констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото на сообраќајната незгода извршила екипа на Полициската станица Струмица.