Штедна книшка со 40.000 денари денеска на мајката Ѓоргина Стојчева од Моноспитово и подари заменичката на градоначалникот на општина Струмица, Елена Маѓеровска Паликарова, која заедно со секретарот на општината, Александар Оџаков ги посетија првите новороденчиња во Новата 2025 година на Одделението на Гинекологија и Акушерство при ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица.
Мајката Ѓоргина Стојчева на вториот ден од Новата 2025 година, во 16:45 и 16:50 часот ги донесе на свет двете машки деца, а нејзиното породување го направија д-р Сања Балџиева и д-р Атанас Тенев.