Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека во прекин е водоснабдувањето на улицата „Цветан Димов“ и КПУ „Затвор“ Струмица, како и Егејското маало на улицата „Гоце Делчев“, поради настанат дефект на водоводната мрежа. Екипите се на терен и работата на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 12:00 часот.