Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека е настанат дефект на водоводната мрежа улицата „Климент Охридски“ во Струмица, од раскрсницата со „Крушевска Република“ до раскрсницата со „Ѓорги Василев“. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот. Нормализирање на водоснабдувањето се очекува денеска (петок, 6 септември) до 12:00 часот.