среда, 10 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Босилово

Ана Витанова Рингачева: Иван Котев го чува од заборав народниот јазик, оној стар говор кој повеќе можеби и не постои

сабота, 8 април, 2023 | 08:23
in Босилово, Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Ана Витанова Рингачева: Иван Котев го чува од заборав народниот јазик, оној стар говор кој повеќе можеби и не постои

„Да се засведочи, да се запише сето она што го оставил народот, тоа значи да се издигне паметник на местото коешто всушност ни ја дава смислата на нашето постоење, а тоа е родното место на секој од нас. Иван Котев има свест за значењето на родното место, на неговото родно место, меѓутоа тој има и воопшто свест за тоа дека да се развие или да се поттикне во човекот сознанието за националната припадност кон народот, кон земјата, единствениот начин тоа да се направи е да му се даде на показ вредното богатство што предците ни го оставиле, а тоа е фолклорот“, кажа професорката Ана Витанова Рингачева промовирајќи ја петнаесеттата книга на македонскиот фолклорист, струмичанецот Иван Котев, насловена „Наведе́ се с’нце да зајде“.

Најновото издание на Иван Котев е посветено на неговото родно место, струмичкото село Робово, во коe се поместени песни, приказни, поговорки, кажувања, информации за празници, обичаи и друго, кои оваа книга ја прават значајно дело за културно-историското наследство на Робово.

Ана Витанова Рингачева вели дека сериозниот пристап поткрепен со научна акрибија, го прави Котев човек кој, не само што запишува и дешифрира материјали од терен, туку и истражувач кој го проучува фолклорот и изложува свои тези поврзани со него.

„Нашиот Иван не само што го чувал од заборав фолклорот, тој го чувал од заборав и народниот јазик оној стар говор кој повеќе можеби и не постои, го конзервира на некој начин. Тој е оној убав селски говор на којшто неговата мајка му ги пеела најубавите песни“, додаде Витанова Рингачева.

Во присуство на голем број љубители на делата на Иван Котев, почитувачи, пријатели, на промоцијата во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица говореа и Ермис Лафазановски и Зоранчо Малинов од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје.

На самата промоција Иван Котев подари примероци од книгата „Наведе́ се с’нце да зајде“ на членови на семејствата, наследниците на неговите информатори кои му ги пренесуваа приказните од Робово, а Котев ги запишал во самата книга.

На промоцијата на книгата од Иван Котев беше промовирано и списанието „Македонски фолклор“ број 80 и 81 на Институтот за фолклор во кои се отпечатени трудовите презентирани на Научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Во Општина Босилово собрани 1000 килограми пластика – за возврат граѓаните добија овошни садници од општината

Next Post

Девојките на „Наковски Волеј“ им се реваншираа на „Јанта Волеј“

Related Posts

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Вести

Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“

вторник, 9 септември, 2025 | 15:53
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Полицијата уапси 39-годишен маж, извршил обљуба врз 32-годишна жена од Струмица

вторник, 9 септември, 2025 | 14:11
Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ
Вести

Александра Јанева со нова верзија на безвременската „Ми подаваш рака” од Даниела Панчетовиќ

вторник, 9 септември, 2025 | 12:13
Стартува 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“

вторник, 9 септември, 2025 | 08:09
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Вести

Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска

понеделник, 8 септември, 2025 | 18:31
Вести

Приведен струмичанец кај него пронајдена марихуана

понеделник, 8 септември, 2025 | 14:38

ТОП ВЕСТИ

Почна 33-то издание на ФКТ „Ристо Шишков“
Даскаловски: Независноста не е завршен чин, туку трајна обврска
Никола Маџиров лауреат на 17-та меѓународна награда за поезија „Поезија и луѓе“ во кинескиот град Гуангџоу

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist