вторник, 13 мај 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ од Македонија

Александар Илиев за „дискотеката на смртта“: Веројатно имало пропуст од вработени во ДПИ, МВР и општината

понеделник, 17 март, 2025 | 18:23
in ВЕСТИ од Македонија
Александар Илиев за „дискотеката на смртта“: Веројатно имало пропуст од вработени во ДПИ, МВР и општината

Чија е одговорноста – ова е најчестото поставуваното прашање по еден од најцрните денови во Македонија откако изгубивме 59 наши сограѓани при пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Јавноста бара одговори, а според реакциите, општеството тешко дека само одеднаш ќе се помири со огромната загуба, со оглед дека не е прва ваква трагедија која произлегува од корумпираниот систем. Според експертот за безбедност, Александар Илиев од Струмица во ситуацијата веројатно имало пропуст од вработени во Државен пазарен инспекторат, МВР и од општината. Во разговор за „Локално“, вели дека не му е јасно што утврдиле и контролите на УЈП.

Соговорникот објаснува дека настаните во „Пулс“ се јавно објавувани на социјални мрежи и доколку истиот не бил пријавен во МВР и поради тоа ОВР Кочани не презело мерки, МВР треба да размисли да го смени начинот на работа, во однос на следење на состојбата преку онлајн медиуми и социјални мрежи.

„Меѓутоа, доколку лица од ОВР Кочани знаеле за настанот тие биле должни да стапат во контакт со организаторот за да го советуваат за пријавување на истиот. Во тој случај ќе се знаело за користење на пиротехниката и ќе биле известени и органите за противпожарна заштита, како и службите за итна медицинска помош“, посочува Илиев.

Според министерот, некои надлежности не се на полицијата и дискотеката не исполнувала никакви технички услови, но имало сознанија дека е нелегален објект и имало прекумерна бучава. Според Илиев, најголема одговорност за несоодветната употреба на објектот има општинската власт. Истакнува дека општината ја има надлежноста да изврши надзор и да даде одобрение за градба или реконструкција на објект, како и да ја дозволи намената на објект.

„Општината има сектор за урбанизам, заштита на животна средина и комунални работи кој врши надзор и кој имал обврска да реагира. Меѓутоа, тоа не значи амнестија за други државни органи кои не постапувале во нивните надлежности. Не треба да се занемари дека било очигледно дека објектот не ги исполнува законските услови и тоа требало да предизвика интерес на органите на МВР. Затоа, потребна е внатрешна истрага во МВР“, оценува експертот за безбедност.

Околу меѓусебните обвинувања на власта и опозицијата кој е виновникот, Илиев тврди дека треба да се погледнеме самите искрено и да прифатиме дека одговорност имаме сите ние.

„И јас како граѓанин чувствувам вина, а од неа не треба да бегаат ни политичарите. Логична е претпоставката дека системот на државата потфрлил и дека можни причини за тоа се корупција, нестручност, ниско ниво на морални вредности, нормализација на ненормалното, фокус на профит и занемарување на безбедноста. Меѓутоа, кривичната одговорност е индивидуална и за ова треба да се поведат постапки против одговорните лица, без разлика на чија партија биле наклонети. Исто така, партиите треба да прифатат дека е нормално граѓаните да се гневни, да протестираат и да бараат одговорност кога се случила ваква трагедија. Истовремено, политичарите сега имаат можност да направат законски промени и да преземат мерки против одговорните. Така ќе покажат дека се дел од народот, дека се демократи и дека мислат на општото добро, а не само на партискиот интерес. Експертите треба да се борат, безбедноста на критичната инфраструктура и јавните места да се регулира со закон. Истовремено, сите ние како граѓани треба да бараме суштински промени за безбедноста на јавните места и во борбата против корупцијата“, заклучува експертот по безбедност, Александар Илиев.

Преземено од www.lokalno.mk

ShareTweetShare
Previous Post

Голем број средношколци се собраа на струмичкиот плоштад за да изразат сочувство кон загинатите млади лица во Кочани

Next Post

Кој е следен?: Во вторник во 18 часот да се собереме на плоштадите во Македонија, да си дадеме утеха еден на друг

Related Posts

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+
ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

вторник, 29 април, 2025 | 13:11
Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата
Вести

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

понеделник, 21 април, 2025 | 13:56
Почина папата Франциск
Вести

Почина папата Франциск

понеделник, 21 април, 2025 | 12:07
Во четврток во Кочани ќе бидат погребани загинатите жители на овој град од големиот пожар во дискотека
Вести

Во четврток во Кочани ќе бидат погребани загинатите жители на овој град од големиот пожар во дискотека

вторник, 18 март, 2025 | 15:26
Таравари: Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри
Вести

Таравари: Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри

понеделник, 17 март, 2025 | 11:21
Петнаесет лица со лесни повреди се примени во струмичката болница од сообраќајката кај „Македонска куќа“
ВЕСТИ од Македонија

Се забрануваат посети во болници, задолжително носење заштитни маски во здравствените установи

понеделник, 17 февруари, 2025 | 20:50

ТОП ВЕСТИ

Во Струмица се одржа 53-от Државен тракторски натпревар – најдобри домаќините од средното училиште „Димитар Влахов“
Во СВР Струмица одбележан Денот на македонската полиција
Анастасија Цамбулева од Струмица е победник на фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас 2025“ во Сушица

ВЕБ БИЛБОРД

Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“
Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани Во Стар Дојран СЕ ПРОДАВА вселива куќа со 2 апартмани

ВЕСТИ од Македонија

Успешно завршен на проектот „Комуникациски вештини за иднината“ финансиран од програмата Еразмус+

Eпископот Стојанов ги извести сите католички парохии и монашки заедници во Македонија по повод упокојувањето на папата

Почина папата Франциск

НАЈАВА

На 22 мај ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“
Вечерва сите на плоштадот – играорци од 7 држави ќе заиграт за струмичани
Концерт на Божана Гошева на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано во Центарот за култура во Струмица
Струмичкиот театар подготвува нова претстава „Деца на светот“ – премиерата на 15 мај
Ќе се возобнови фестивалот за млади музички таленти „Смотра – Златен глас“ во Сушица

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist