Агрон Руфати и Марио Врдољак се првите засилувања во зимскиот преоден рок за ФК „Академија Пандев“.
Агрон Руфати има 23 години и е поранешен младински репрезентативец на Македонија и игра на позицијата централен дефанзивец. Доаѓа како слободен играч, а последен клуб за кој настапувал е „Академија Клинчени“ (Романија). Во својата кариера има настапувано и за екипите на „Зорја“ (Украина) и „Истра“ (Хрватска).
Марио Врдољак е искусен 29-годишен играч за врска. Хрватскиот интернационалец доаѓа како слободен играч, а последно има настапувано заедно со Руфати во „Академија Клинчени“. Во својата интернационална кариера настапувал за повеќе клубови меѓу кои италијанските клубови „Гросето“, „Бисчеглие“, „Пичерно“, босански „Олимпик Сараево“.