Агенцијата за млади и спорт ја објави листата на клубови кои ќе имаат ваучер за 2023 година и сумата која ќе може да ја прокнижат за да функционираат.
Од струмичките клубови највисок ваучер ќе добие ФК „Академија Пандев“ – 10.500.000 денари, ОК „Струмица Никоб“ ќе добие 4.200.000 денари, а ОК „Наковски Волеј“ – 3.000.000 денари, додека по 2.000.000 денари ќе добијат ФК „Беласица“, ЖФК „Тиверија“ и КК „Струмица“.
Еве кои други струмички клубови ќе добијат ваучер и со која сума:
ФК „Хоризонт Турново“ – 53.000 денари
КК „Ролинг“ – 150.000 денари
ОК „Македонија Џио“ – 800.000 денари
ОК „Струмица Жени“ – 1.700.000 денари
ОК „Виктори Волеј“ – 400.000 денари
АК „Струмица“ – 120.000 денари
АК „Беласица Ран“ – 100.000 денари
СК „Беласица Шат“ – 110.000 денари
СК „Струмица“ – 65.000 денари
КБК „Тим Зоран“ Струмица – 170.000
ЗПК „Ентузијаст“ Струмица – 80.000 денари
ССРИ „Струмица“ – 50.000 денари
КК „Шихан“ Струмица – 50.000 денари
ОК „Еделвајс“ Струмица – 65.000 денари
ОК „Ентузијаст“ Струмица – 60.000 денари
ЗСК „Атрофија“ Струмица – 60.000 денари