Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека попладнево околу 17:00 часот на патот Струмица – Валандово, во близина на селото Костурино пожарникари – спасители интервенирале на сообраќајна незгода во која автомобил излетал од коловозната лента и се превртел.
Благодарение на брзата интервенција возачот е извлечен од пожарникарите со помош на специјални хидраулични алатки и опрема и е предаден на екипата на Итната медицинска помош.