Попладнево во Струмица на Спортскиот центар „Пандев“, ФК „Брера Струмица“ го имаше првиот натпревар од новата прволигашка сезона. Славеше победа над ФК „Вардар“ со евроголот на Јанкулов во 58-та минута. Ударот од 25 метри на Јанкулов не успеа да го одбрани Гачевски, кој во првото полувреме имаше две брилијантни одбрани.