Противпожарната единица на Струмица вчера интервенирала во гасењето на шумски пожар кај селата Дукатино и Радичево кој за кратко време поради силниот ветер се проширил на површина од околу 10 хектари и се закануваше да ги зафати првите куќи во селото Радичево, приближувајќи се на само стотина метри од нив, информираат од ТППЕ Струмица.
ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и 13 пожарникари – спасители, помогнати од ТППЕ Радовиш со едно противпожарно возило и тројца пожарникари спасители успешно го локализираше пожарот и до ноќните часови целосно го ликвидираше.