Поради празниците, променет е распоредот за работа на пазарите во градот Струмица. Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица ги информираат граѓаните дека поради неработните денови за претстојниот празник Божиќ, четврток, 5-ти јануари ќе биде пазарен ден.
Пазарите „Чешел“ и „Кантон“ како и Трговскиот центар „Глобал“ нема да работат во петок и сабота (6 и 7 јануари 2023 година).