Попладнето, екипи на Територијалната Противпожарна единица Струмица, заедно со пожарникари-спасители и членови на тимот за пребарување и спасување, активно се вклучија во потрагата по исчезнатиот Благој Муртинлиев, кој го нема веќе четири дена.
Опремени со специјална опрема и термален дрон, тимовите ги пребараа тешко пристапните терени околу трим патеката „Св. Илија“, како и неколку други локации кои биле посочени од страна на неговото семејство. И покрај интензивната акција и вклученоста на повеќе лица, засега потрагата не даде конкретни резултати, соопштуваат од ТППЕ Струмица.
Од ТППЕ Струмица најавуваат дека активностите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден, со пообемна и посеопфатна претрага на нови локации, со цел да се обезбеди што побрзо пронаоѓање на исчезнатиот сограѓанин.