СВР Струмица поднесе кривична пријава против Е.М.(38), А.Ф.(18), А.М.(18) и еден малолетник, сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
На 16.06.2024 година, по претходно нарушени меѓусебни односи, второпријавениот физички го нападнал Е.И.(23), а истиот ден пријавените насилно влегле во неговиот дом, физички го нападнале и му нанеле повреда со нож.