четврток, 18 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Честитка за Новогодишните празници од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Жан Дрвошанов

недела, 31 декември, 2023 | 16:13
in Вести, Струмица
Честитка за Новогодишните празници од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Жан Дрвошанов

Почитувани,

Вообичаено на преминот од старата кон нова календарска година секој кој цени активизам и емпатија се заблагодарува на сите соработници и на сите добронамерници. За работа и придонес кон општо добро кој од ден на ден станува се по редок, но и скапоцен чин.

Да не го премолчиме она што и во моментов, на влезот на Новата 2024 година ги измачува струмичани. Се надевам дека загадениот воздух и вечерва, веројатно и утре, нема да ги надминува светските рекорди. Не знам дали со огномет се одбележува оваа Новогодишна ноќ, но би било добро секој да може да ги забележи неговите реални бои. Возможно е програма на отворено да ја изненади Струмица за Новогодишната вечер, но на такви параметри на аерозагаденост би била непрепорачлива за следење.

Сум разговарал со многу стручни лица. Сме анализирале можни причини и можни решенија. Но реалноста е дека институционалната акција засега не е реална и изостанува. Сме размислувале за протести, што значи собирање на граѓаните и изложеност на висока загаденост. Слушаме постојат видеа, слики и многу идеи, работни тела, финансии и слично…

На крајот од денот и, на годината, ни останува мислата дека решението е јасно: дека Новата година која ни претстои Е ВАЖНА!

И, посакувам Новата 2024 година да ни донесе решение за овој проблем заедно со многу, многу нови решенија!

Со секого со кој искрено разменуваме добри желби за Новата 2024 година секогаш имаме во предвид основни работи на кои не научи примерот на секојдневниот живот:

Најпрвин Реалноста што не соочува секој ден со сите предизвици и свеста дека треба заедно да направиме се што можеме за да ја унапредиме. Граѓани кои ги среќавам тука и, оние наши кои живеат насекаде низ светот знаат и велат дека Разумната реалност на Новата 2024 година е нашата сигурна иднина. Ние самите донесуваме одлуки и самите сме свесни кои процеси имаат предност и што ни е важно.

Важно е да разбереме дека Новата 2024 година со многу заеднички труд, храброст и трпеливост за сите нас значи сериозни промени кон подобро.

Честитката за Новата 2024 година сепак ја има и нејзината магична реалност. Она всадено чуство дека постои сила што ги води, заштитува и унапредува оние кои ќе се одважат. Силната вера дека доброто го очекува секого кој мисли и работи потпрен на својата сила и знаење, оној кој работи чесно и особено оној кој дејствува несебично.

Водени од таквата убеденост во подобрата иднина на Струмица, Македонија и насекаде во светот дозволете ми од името на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Струмица да Ви посакам ногу здравје и среќа и многу успех во Новата 2024 година!

Да бидеме живи и здрави!

ЧЕСТИТА НОВА 2024 ГОДИНА!

Жан Дрвошанов
претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица
ShareTweetShare
Previous Post

Честитка од претседателот Стево Пендаровски по повод новогодишните празници

Next Post

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Синоќа кај брана Водоча во два одделни случаи фатени дрвокрадци кои превезувале бесправно исечени дрва

четврток, 18 септември, 2025 | 14:34
И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“
Вести

И годинава ќе се одржи Фестивалот „Подиум Ад Астра 2025“

четврток, 18 септември, 2025 | 11:31
ЦУК: Гори депонија кај Колешино
Босилово

Приведен подметнувач на пожар меѓу селата Дабиле и Петралинци

среда, 17 септември, 2025 | 15:08
Босилово

Утре голем број на населени места во струмичко ќе бидат без струја од 08:15 до 16:00 часот

среда, 17 септември, 2025 | 11:23
Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси
Вести

Од традиција до модерна млекарница: „Ѓоргиеви“ од Радовиш, пример како ИПАРД ги менува аграрните бизниси

вторник, 16 септември, 2025 | 18:47
Приведено 22-годишно момче, нападнал вработена во угостителски објект и ја оштетил влезната врата
Вести

Во Струмица уапсен крадец кој украл пари од каса во продажен објект

вторник, 16 септември, 2025 | 12:53

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist