Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови низ Македонија интервенирале на 39 пожари вкупно на отворен простор и 38 изгаснале, некаде заеднички – здружени од повеќе општини, а и со помош од месните жители, како и со воздухопловна поддршка од ДЗС и МВР, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК).
Како што извести ЦУК, вчера во струмичкиот регион била активни три пожари: во општина Струмица кај селото Баница горело ѓубре, во општина Босилово, меѓу селата Петралинци и Гечерлија, лозје и необработливо земјоделско земјиште, и во општина Василево, кај селото Добрашинци, гореле капини.