Дејан Јанев вработен во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, како правник, од денеска е новиот ВД директор на ова национална установа. Тој ќе ја замени актерката Танкица Стојанова, која една година беше ВД директор на Центарот.
Со одлука на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Јанев времено ќе ја извршува ова функција до изборот на директор по пат на јавен конкурс. Министерството за култура по два јавни конкурси, уште пред повеќе од година дена не успеа да избере директор, а Танкица Стојанова два пати по шест месеци беше „ВД директор“.