Носителот на листата за пратеници во Изборна единица 4 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Миле Цеков вели дека неговата партија предводена од Максим Димитриевски ќе се залага за решавање на најгорливиот проблем во нашата држава, а тоа се криминалот и корупцијата.
„Посебно ќе се залагаме за борба против злоупотребата на јавни функции. Партиите кои владеат 30 години не направија ништо суштинско за решавање на овој проблем. Ние од ЗНАМ сме решението, бидејќи ние нити сме корумпирани ниту ќе бидеме“ – истакна Цеков.