Носителот на листата за пратеници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Изборна единица 4, Миле Цеков промовираше дел од изборната програма на партијата со која ја бараат довербата од граѓаните на Парламентарните избори 2024.
„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија е партија која ги заштитува нашите деца и нашите традиционални вредности како народ“, вели Цеков промовирајќи ги мерките за Заштита на децата и традиционални вредности, Против злоупотреба на образованието за промена на нашата култура и вредности, Против бесплатни операции за промена на полот, и за покачување на платите на медицинските сестри за 50%.