Амбасадорката на Хрватска во Македонија, Нивес Тигањ денеска имаше работна средба со градоначалникот и претседателот на Советот на општина Струмица, Костадин Костадинов и Марјан Даскаловски.
На средбата струмичкиот градоначалник ги презентирал економските потенцијали на општина Струмица, како и културно-историските, природните, туристичките и другите белези кои ја карактеризираат општината.
„И двајцата ги истакнавме можностите за непречена размена на искуства на повеќе полиња, а ја споделивме и потребата од понатамошно негување и продлабочување на добрата соработка меѓу нашите две институции“ – напиша по средбата Костадинов.