Опис на работното место
Како Правник, ќе бидете одговорни за обезбедување правна поддршка и усогласеност на работењето на друштвото со важечките законски и подзаконски прописи. Вашата улога е клучна за заштита на правните интереси на компанијата, минимизирање на правните ризици и обезбедување навремена и точна правна помош за сите организациски единици.
Директно реферирате на Директорот на човечки ресурси или Генералниот директор, во зависност од организациската структура.
Главни одговорности
Усогласеност со законски регулативи
Следење и информирање за законски и подзаконски измени
Самостојно изготвување правни документи, договори и интерни акти
Спроведување административни постапки
Изработка на одлуки, решенија и акти за работни односи
Комуникација со институции
Следење правни трендови и случувања во дејноста
Управување со обврски поврзани со Агенцијата за вработување на РСМ
Организација на санитарни и систематски прегледи за вработени
Обезбедување правни совети и мислења за менаџментот и сите оддели
Учествување во спорови, медијација и застапување пред судови
Усогласеност со Законот за заштита на лични податоци и релевантни регулативи
Потребни вештини и квалификации
Образование: Завршен Правен факултет (дипломиран правник). Предност – положен правосуден испит
Искуство: 3–5 години работно искуство на иста или слична позиција (корпоративна средина или адвокатска канцеларија со деловно право е предност)
Познавање на закони: Одлично познавање на националното законодавство (деловно, трудово, управно, облигационо право)
Аналитички способности: Брза и прецизна анализа на правни прописи и комплексни ситуации
Комуникациски вештини: Одлично писмено и усно изразување на македонски; англиски јазик е предност
Организациски способности: Прецизност, внимание на детали, управување со време и повеќе задачи
Решавање проблеми: Способност за брзо и ефективно решавање правни предизвици
Интегритет: Високо ниво на етичност и доверливост
Компјутерски вештини: Напредно познавање на MS Office и правни бази на податоци
Што нудиме
Работа во динамична и професионална хотелска средина
Можност за напредување во кариерата
Конкурентна и атрактивна плата со бенефиции
Поддршка за професионален развој (обуки и работилници)
Континуирано учење и развој во областа на правото
Платен превоз и храна
Дополнителни бонус пакети
Аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да испратат CV и мотивациско писмо со наслов: „Апликација за Правник“
Email: [email protected]
Телефон: 071-264-185
Рок за аплицирање: 14 дена од денот на објавување.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.