вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица!

петок, 1 септември, 2023 | 15:19
во Вести, Магазин, Струмица
Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица!

Започна последното одбројување до долгоочекуваниот Get EXITed спектакл, кој на 7 септември во преполниот струмички Градски парк ќе ги собере најголемите светски и регионални ѕвезди! Поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните икони Констракта и „Ван Гог“, како и Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“, со себе носат хитови кои бројат повеќе од пет милијарди слушања на водечките стриминг платформи! Влезот на овој голем настан е бесплатен за сите посетители, а за сите кои сакаат да го доживеат настанот на највисоко ниво достапни се ВИП влезници по цена од 3.100 денари!

Најголемата забава за испраќање на летната сезона на настани во организација на тимот на ЕГЗИТ, следниот четврток пристигнува во струмичкиот Градски парк, а исчекувањето дополнително го зголемуваат глобалните хитови и жанровски шареноликата програма кои пристигнуваат со водечките светски и регионални имиња! Џон Њуман повеќе од деценија наназад суверено владее на светската музичка сцена и ги освојува срцата на фановите со моќниот глас, емотивните мелодии и песните кои се искачија на самиот врв на водечките топ листи, судбина која досега ја имаа дури девет негови синглови. Уште синглот „Feel The Love“, со кој во 2012 година се придружи на мегапопуларната група Рудиментал, наговестуваше дека зад оваа соработка се крие глобална музичка сензација во зародок. Денеска Џон Њуман стои зад соработките со лидерите на музичкиот свет и песните кои ги знае целиот свет, меѓу кои се „Blame“ (feat. Calvin Harris), „Love Me Again“, „Cheating“, „If You Really Love Me“ (feat. David Guetta), свежиот хит „Call Your Name“ (feat. Alesso) и бројни други.

Исклучителниот турски продуцент, глобален хитмејкер и диџеј Бурак Јетер плени со својата музичка умешност, но и со атмосферата и енергијата кои ги креира каде и да се појави, што уште еднаш се потврди и со исклучителниот настап на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал! Изминатата деценија песните „Friday Night“, „Oh My My“, „Crash“, „Happy“ ги освојуваа планетата, радискиот етер и фестивалските сцени, додека омилената „Tuesday“ заработи платинеста плакета во повеќе земји, а тој се потпишува и зад неоспорно најзапазениот ремикс на песната „My Life Is Going On“!

На големиот Get EXITed спектакл пристигнува и најбараната регионална музичарка Констракта, која со песната „In Corpore Sano“ ги освои Европа и светот! Иако како вокалистка на групата „Земља Грува“ веќе две децении е присутна на музичката сцена, Констракта се чини преку ноќ стана центар на внимание за регионалните медиуми, главна ѕвезда на социјалните мрежи, а бргу потоа и првиот домашен хедлајнер во историјата на ЕГЗИТ фестивалот! Публиката пред сѐ ја воодушеви со својот „Triptih“, а оваа година следуваше и ново тројно музичко уживање „Evo, obećavam“, кое ја потврди уникатноста на музичкиот и визуелниот израз на омилената регионална уметница!

Квалитетната гитарска страна на програмата ја предводат ветераните на регионалната рок сцена, групата „Ван Гог“, со кариера долга повеќе од три децении, 10 феноменални студиски албуми и две регионални ЕмТиВи награди зад себе, како и омилените, безвремени песни „Neko te ima“, „Ludo, luda“, „Skačem, skači“, „Za godine tvoje“, „Klatno“, „Anđele moj brate“, но и „Emotivno miniran“ и другите од последното лонгплеј издание „More bez obala“ од 2019 година.

На одличната регионална екипа ѝ се придружува и струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар, еден од најдобрите трубачки ансамбли од Балканот, како и исклучителните уметници од полето на електронската музика – новосадската продуцентка и диџејка Лана, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена, и македонскиот мелодик-техно тандем „Д Георс“.

Второто струмичко Get EXITed издание кое ќе се одржува во четврток, на 7 септември ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добродојдени –  влезот е бесплатен, додека за посетителите кои ќе сакаат овој спектакл да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица.

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Музичко училиште во Струмица новата учебна година ја стартува со дополнителни нови простории

СЛЕДНА ОБЈАВА

Годинава 442 првачиња во општина Струмица тргнаа на училиште, општината очекува бројката да се зголеми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Вести

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура

вторник, 3 октомври, 2023 | 11:29
Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Босилово

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 17:04
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05

ТОП ВЕСТИ

Дваесеттина домаќини/ки испекоа околу 500 килограми црвена пиперка, направија домашен ајвер на „Ајверијада 2023“
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Секој вторник „одиме на кино“ во Центарот за култура
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist