понеделник, 14 јули 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Фудбалерите на ФК „БРЕРА“ преку фотографии ги промовираат убавините на Струмица

среда, 18 октомври, 2023 | 15:34
in Вести, Магазин, Струмица
Фудбалерите на ФК „БРЕРА“ преку фотографии ги промовираат убавините на Струмица

Струмичкиот фудбалски прволигаш ја започна кампањата „Ние сме Брера Струмица“ со која сакаат да направат симбиоза на фудбалот со убавините на градот, но и струмичани кои се препознатливи како верни навивачи и подржувачи на спортот.

За таа цел капитенот Марио Врдољак, Папе Оумар Сице како и младите, голманот Марко Алчевски, но и Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица кој претставува расадник на врвни спортисти, но и град кој изобилува со голем број значајни културно историски споменици.

„Со овој чекор сакаме да дадеме наш придонес кон афирмација на градот и како туристичка дестинација, но и да ги презентираме струмичани кои го сакаат и даваат поддршка на фудбалот, но и спортот воопшто. Од таа причина нашите фудбалери облечени во дресовите на клубот се фотографираа на повеќе значајни локации и преку семејството на „Брера“ имаме намера  да ги презентираме убавините на Струмица ширум Европа, па и светот“ – стои во соопштението од клубот.

Со кампањата тие го презентираат локалитетот „Цареви Кули“, кој претставува заштитен белег на градот – археолошки локалитет каде се пронајдени остатоци од праисторијата, античкиот и средновековниот период. За богатата историја на Струмица сé уште сведочат кулите од 12-от век, ѕидините. како и големата палета на значајни аретефакти кои се изложени во градскиот Музеј.

Ја промовираат и зградата на Општина Струмица, која почнала да се гради од 1926 до 1931 година и по својата архитектура претставува вистинско ремек дело. Станува збор за објект каде во континуитет е сместена локалната власт која е голем поддржувач на спортот. Зградата е во стилот на неокласичната архитектура со декоративни елементи кои се со изразени западно стилски влијанија.

Врдољак, Сисе, Алчевски, Ѓоргиевски, Крстевски во зелени црни дресови преку фотографиите потсетуваат и на големиот македонски великан Гоце Делчев кој во Струмица го има најимпозантниот споменик, но и познатото струмичко корзо. Го претставуваат и големиот плоштад каде стои ѕвездата на менторот ,големиот Горан Пандев, но и споменикот Жена под маска, кој го илустрира познатиот Струмички карневал. Потоа ја пренесуваат магијата на големиот градски парк со многу зеленило, но и спортски терени, струмичките улици за што сите ја знаат легендарната песна „Во Струмица на улица“, како и многу други значајни културно историски споменици…

„Ние сме Брера Струмица“ – кампања за градот Струмица и нејзините убавини, за струмичани кои го сакаат фудбалот и спортот, за младите да бидат горди на своите фудбалери, кампања за заедништво и повисоки спортски резултати“, соопштија од клубот.

ShareTweetShare
Previous Post

„Одиме во кино“ – Во Струмица ќе се прикажува комедијата „Роден лажго“

Next Post

Граѓанските организации бараат квота на застапеност на лицата со попреченост во политичкиот живот

Related Posts

Во прекин патниот правец од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница
Вести

Двајца млади струмичани превезувале 11 миграни од Египет – полицијата ги фати кај неготинско

понеделник, 14 јули, 2025 | 15:36
Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Струмица ја чествуваше 81-та годишнина од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:42
Избувна пожар во стан во Струмица
Вести

Избувна пожар во стан во Струмица

понеделник, 14 јули, 2025 | 12:31
Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето
Вести

Денеска се навршуваат 81 година од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

понеделник, 14 јули, 2025 | 07:41
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Синоќа двајца млади прилепчани фатени со дрога од струмичката полиција

недела, 13 јули, 2025 | 12:03
Вчера санкционирани 8 лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми
Вести

Вчера санкционирани 8 лица во струмичко поради непочитување на забраната за движење во шуми

недела, 13 јули, 2025 | 11:42

ТОП ВЕСТИ

Избувна пожар во стан во Струмица
Малтретираното девојче од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство
Кривична пријава за татко од Ново Село: снимил и објавил насилство врз 11-годишната ќерка

ВЕБ БИЛБОРД

Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници
Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица Се издава деловен простор – дуќан во самиот центар на Струмица
Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации Се изнајмува угостителски објект за прослави и презентации
СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“ СЕ ПРОДАВА стара куќа во Струмица кај „монополот“
СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“ СЕ ПРОДАВА деловен простор во Струмица – „мало стопанство“

ВЕСТИ од Македонија

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Од 1 јули на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила

НАЈАВА

Во понеделник – Протестен марш за живот! Воздухот и во лето смрди, се палат депонии
На 11 и 17 јули во југоисточниот регион ќе се изврши втора ларвицидна и теристична дезинсекција
ВМРО-ДПМНЕ на плоштадот во Струмица ќе одржат трибина – на неа ќе говори и лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски
На 18 јуни ќе се прска против комарци во струмичкиот регион
Во Струмица ќе се одржи Панел дискусија за иницијативата на добивање статус „родител-негувател“ на родителите на лице со попреченост

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist