сабота, 15 ноември 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира уште едно амбулантно возило за струмичката болница

среда, 24 јануари, 2024 | 14:32
in Вести, ИЗБОР на уредникот, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донира уште едно амбулантно возило за струмичката болница

Возниот парк на струмичката болница е побогат за уште едно амбулантно возило, донација од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“. Директорот на Фондацијата, Зоран Заев и членот на Одборот на Фондацијата, д-р Венко Филипче во присуство на заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева и го предадоа амбулантното возило на директорката на ЈЗУ „Општа Болница“ Струмица, д-р Катерина Кузмановска.

Директорката на струмичката болница д-р Кузмановска заблагодарувајќи и се на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ кажа дека оваа амбулантно возило ќе биде од огромно значење за нив како здравствена установа имајќи го во предвид тоа дека Општата болница во Струмица покрива здравствени услуги за околу 120-130 илјади граѓани од југоисточниот регион, а на дневно ниво помеѓу 500 и 600 пациенти ги користат услугите во оваа болница.

„Често пати имаме потреба пациенти да транспортираме од нашата болница до Клиниката во Скопје. Затоа оваа донација ќе ни биде од голема корист. Имаме одлична соработка со Фондацијата „ЗАЕВ“, претходно и семејството Заеви донираа две амбулантно возила, имаме со нив направено реконструкции на одделенија во болницата. Се надевам дека оваа соработка со нив ќе продолжи и понатаму се во интерес на пациентите и граѓаните од југоисточниот регион“, кажа д-р Кузмановска.

„Ова е една донација којашто доаѓа како континуитет на еден процес на поддршка на Општата болница тука во Струмица. И не само во делот на донации туку и претходно, во време на мандатот на претходната Влада оваа болница беше многу поддржувана, како и сите други болници, се инвестираше многу во опрема, во кадар, за првпат во тој период Струмица доби магнетна резонанца, дигитален мамограф, дигитален рентген апарат и се обновуваше ангеографот којшто служи на целиот регион за пациентите кои имаат проблем со срцевите болести“, кажа д-р Филипче, член на Одборот на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, потенцирајќи дека освен оваа, трето амбулантно возило донација за болницата во Струмица, тие како Фондација работат и на поддршка на млади лекари, на нивна едукација кои во изминатиот период пет лекари се пратени на едукација, специјален курс во центарот за експериментална хирургија во Стразбур, и тој процес ќе продолжи и понатаму согласно реалните потреби на лекарите и на целокупниот медицински персонал од болницата во Струмица, додаде д-р Филипче.

За донацијата од Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ се заблагодари и заменик министерката за здравство, д-р Маја Манолева која истакна дека оваа донација не е само чин на хуманост, туку претставува и поттик за сите нас којшто делуваме во оваа општетство, да се земе како еден позитивен пример и кој ќе биде поттик за други општествено одговорни организации, да го следат примерот.

Амбулантното возило денеска во дворот на болницата во Струмица го донесе Зоран Заев управувајќи го, а во придружба на поранешниот министер за здравство, д-р Венко Филипче.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ShareTweetShare
Previous Post

Младиот струмичанец Dako ја објави неговата најнова песна насловена „Superstar“

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто и после три недели не е поставено раководно лице на институцијата на ПИОМ во Струмица

Related Posts

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија
Вести

Струмичката болница го одбележа празникот на Светите Козма и Дамјан со традиционална литургија

петок, 14 ноември, 2025 | 19:09
Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Вести

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор

петок, 14 ноември, 2025 | 11:57
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Вести

Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев

петок, 14 ноември, 2025 | 11:17
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет
Вести

Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

четврток, 13 ноември, 2025 | 15:57
Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
Вести

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица

среда, 12 ноември, 2025 | 15:23
Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување
Вести

Министерот Перински во посета на Струмица – поддршка за поефикасно локално управување

среда, 12 ноември, 2025 | 13:47

ТОП ВЕСТИ

Ново име на чело на „Паркиралишта Струмица“ – градоначалникот Јанков го именува Александар Петровски за директор
Нов директор на „Комуналец“ – од денеска Кире Синдраковски ја презема функцијата на Љачев
Советот на општина Струмица ги усвои развојните програми за 2026 и кварталниот буџетски извештај, а направи и ребаланс на тековниот буџет

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Втора седница на новиот состав на Советот на општина Струмица
На 29 ноември ќе се одржи 9-тата манифестација „Убави сме, свои сме“
Хуманитарен натпревар „Срце за Нина“ во организација на гимназијата „Јане Сандански“ – Струмица
Концерт „Музички патишта: Од средновековна Европа до Медитеранот“ во Струмица
Хуманитарен „Концерт на добрината – За Нина“ во организација на „Елеуса Фондација“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist