вторник, 3 октомври 2023
almak
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
Radio StrumicaNet
НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
ПОЧЕТНА Вести

ФК БРЕРА организираше Отворен ден со Горан Пандев по повод неговиот 40-ти роденден

четврток, 27 јули, 2023 | 14:41
во Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

На денешен ден е родена најголемата македонска фудбалска ѕвезда на денешницата, Горан Пандев, кој наполни 40 години. По повод неговиот јубилеен роденден, ФК „Брера“ од Струмица, поранешна ФК „Академија Пандев“ денеска на спортскиот центар „Пандев“ во Струмица организираше „Отворен фудбалски ден со Горан Пандев“, каде огромен број деца имаа можност да се дружат и фотографираат со Горан, но и да ги покажат своите фудбалски вештини преку игра.

Целта на настанот беше да ја доближат работата на клубот со тренажниот процес до сите дечиња и заинтересирни граѓани и од прва рака да се информираат како да станат дел од фудбалското семејство на „Брера“ Струмица.

Горан со најмалата ќеркичка Софија истрчаа покрај дечињата, а со тортата ги пречекаа сопругата Надица со синот Филипо и ќерката Ана. Имаше силен ветер, па не можеа да се запалат свеќите со бројката 40, да ги дувне Горан, како што е обичај на роденден. Но освен една торта со презимето на Горан и бројката на годините имаше уште неколку торти, за многуте деца кои беа таму, а беа навистина многу. И освен што можеа да се почестат со тортата тие добија и подароци од славеникот Горан Пандев.

Пандев вели дека му е голема чест што роденденот го слави во родната Струмица, помеѓу младите таленти и идни фудбалери.

„Голема чест е мојот роденден да го прославам со толку многу дечиња. Навистина големо изненадување за мене. Благодарност до сите во „Академија Пандев Брера“ и посакувам цврсто здравје на сите. Ова е нов проект кој се базира на младите таленти, се надевам дека сите ќе ги служи добро здравје и целиме кон освојување многу титули. Овој проект е новина во Македонија и се надевам дека уште повеќе дечиња ќе дојдат во нашата школа. За нив ќе има многу изненадувања, ќе работиме по нова програма, ќе имаме новитети во тренерскиот погон и ќе се трудиме да ги охрабриме младите да спортуваат, да имаат почит кон повозрасните и да ги изведеме на вистинскиот пат“, кажа Пандев.

На роденденската забава му дојде и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој му го честиташе роденденот на Пандев. Тој и Општина Струмица во континуитет ја подржуваат „Академија Пандев“, а градоначалникот Костадинов најави дека поддршката продолжува и понатаму кон ребрендираниот клуб „Брера Струмица“, каде Горан Пандев е претседател на Одборот на директори.

Горан Пандев кариерата како фудбалер ја заврши минатата сезона и комплетно се посвети на подобрување на условите во својата фудбалска академија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

СподелувањаTweetСподелувања
ПРЕТХОДНА ОБЈАВА

Во Велес уапсени четири лица, меѓу кои и еден струмичанец – кај себе имале 2 килограми марихуана

СЛЕДНА ОБЈАВА

Од 4 до 8 август во Струмица по 18-ти пат Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание
Вести

Ципрас бил и кај Костадинов во Градското собрание

понеделник, 2 октомври, 2023 | 21:33
Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Вести

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев

понеделник, 2 октомври, 2023 | 16:24
Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково
Василево

Пожар во месноста Врчви на потегот меѓу селата Ангелци, Градашорци и Едрениково

понеделник, 2 октомври, 2023 | 15:39
Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Вести

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“

понеделник, 2 октомври, 2023 | 10:05
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Василево

Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри

недела, 1 октомври, 2023 | 22:24
Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица
Вести

Голем пожар беснее низ струмичко во атарот на селата Зубово, Колешино и Сушица

недела, 1 октомври, 2023 | 18:33

ТОП ВЕСТИ

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас е во Струмица кај Заев
Струмичанецот Зоран Јовановски успешно го заврши Скопскиот маратон поминувајќи со својата инвалидска количка 42 километри
Девојките на „Наковски Волеј“ се победници на Меморијалниот турнир „Илија Караманов 2023“

ВЕБ БИЛБОРД

Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон Се продава комплет сочуван мебел за фризерски салон
Барам под наем канцеларија во градот Струмица Барам под наем канцеларија во градот Струмица
Фризерски салон вработува Фризерски салон вработува
„ДИТОДОРО“ Струмица вработува „ДИТОДОРО“ Струмица вработува
Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение Приватни часови по сите предмети за ученици од I до V одделение
Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници Хотел „Парк Бачиново“ Благоевград бара сезонски работници

НАЈАВА

Во четврток Концерт – „ЕХО ВО СТРУМИЦА“
Во понеделник без струја Радичево, Владевци, Дукатино, Сушево
Филмот „Света Петка – крст во пустината“ на 5 октомври ќе се прикажува во Струмица
Изложба на 3 октомври – „Битово ехо” од Стојмен Ѓорѓиевски – Туме
Во недела во Босилово ќе се одржи првата „АЈВЕРИЈАДА“

ФЕЈСБУК статус

Фејсбук статус на Владимир Ристов: Слаба реализација на Општина Струмица на капиталните инвестиции за 2022 година

Фејсбук статус на Жан Дрвошанов: Масакар на дрвјата во централното градско подрачје

Фејсбук статус на градоначалникот Костадинов: Инспекторите на лице место затекнаа несовесни граѓани кои гореле кабел

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: info@strumicanet.com | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

НЕМА РЕЗУЛТАТ
ПРЕГЛЕДАЈ ГИ СИТЕ РЕЗУЛТАТИ
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist