Д-р Венко Филипче и претседателот на ОО на СДСМ во Струмица, Борче Цветков во рамките на кампањата за Претседателските избори и поддршката на нивниот кандидат Стево Пендаровски денеска ги посетија продавачите кои имаат тезги на пазарот „Кантон“ и во ТЦ „Глобал“.
„Поддршката од граѓаните е најсилниот мотив да продолжиме по вистинскиот пат. Силна поддршка денеска добивме од пазарџиите и купувачите на пазарите „Кантон“ и во „Глобал“. Нашите вредни земјоделци најголемата помош ја добиваат од Владата предводена од СДСМ. Се јавуваат и проблеми, како сега со пролетната зелка, но се решаваат, производителите не ги оставаме сами. Ви влагодарам на сите за поддршката, заедно можеме се. Победничка Струмица одамна ги препозна социјалдемократските вредности, ги ужива бенефитите и останува доследна на желбата за просперитет на сите граѓани“, вели кандидатот за пратеник, Борче Цветков.