четврток, 16 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

четврток, 2 мај, 2024 | 21:06
in Вести, ИЗБОРИ 2024
Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче вечерва се обрати на централниот митинг во Изборната единица 4 што се одржа во Радовиш.

Почитувани граѓани, драги пријатели.

Исправени сме пред одлучувачки момент за иднината на државата, но и иднината на СДСМ. Предизвикот пред нас е голем. По резултатот во првиот круг, нè чека тешка задача да ги подобриме работите. Тешка, но не и невозможна задача е пред нас која може да ја оствариме ако се обединиме на 8 мај.

Секоја партија силата ја црпи од единството. За жал, ни се повторува историјата од 2006 година и повторно се соочуваме со поделба. Секој кој вистински ја поддржува СДСМ, кој е социјалдемократ и верува во вредности на слобода, правда, еднаквост, не може и не смее да остане рамнодушен на оваа состојба. Сите добро знаат што значи слаб и поделен СДСМ за иднината на државата. Тоа значи власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ без контрола, насилна власт која ќе злоупотребува и гази сè пред себе. Ова не го кажувам за да заплашам никого. Ова го кажувам затоа што во ВМРО-ДПМНЕ нема суштинска промена. А кога нема суштинска промена не може да се очекува различно владеење.

Во оваа кампања разговарав со илјадници луѓе. Влегов во стотици домови, прошетав по многу маала и пазари. Пораката кон нас е дека граѓаните сакаат промени во нашите политики, во нашето однесување кон нив. И ова мора да го испочитуваме веднаш по изборите. Само така ќе ја вратиме довербата и ќе ја издигнеме СДСМ онаму каде што и е местото, на врвот на политичката сцена. Дадов многу ветувања и тие ветувања немам намера да ги изневерам.

Во овој момент не е клучното прашање дали СДСМ ќе оди во опозиција. Клучното прашање е што е на другата страна, која е алтернативата, дали Македонија може да остане на стратешкиот колосек со нив? Ниту една грешка на СДСМ не е толку голема за да го оставиме ВМРО-ДПМНЕ да нè враќа назад како држава. Ниту една грешка не е толку голема да ги оставиме да нè понижуваат и потценуваат. Затоа, апелирам до секој од вас да смогнете сила, заедно да одработиме за достоинствен изборен резултат.

Ние мора да се исправиме и да се соочиме со предизвиците. Јунаците се препознаваат кога е тешко. Затоа победите имаат многу татковци, а поразот само еден. Ајде сега да се фокусираме на второто полувреме од оваа тешка битка.

Сакам да им испратам порака на сите наши долгогодишни поддржувачи, оние кои решиле да не гласаат или да гласаат за други партии за да го изразат револтот.

Драги сопартијци, драги симпатизери и поддржувачи, со вашиот глас против не ја казнувате СДСМ, туку ја наградувате ВМРО-ДПМНЕ. И доделувате неограничена моќ која тие најдобро знаат како да ја злоупотребат. Веќе започнаа со заплашувања и реваншизам и нема да престанат тоа да го прават.

Сега, повеќе од кога било ни е потребно единството. Ова е време кога мора да останеме заедно. Нашето единство е нашата моќ. Нашето единство е основата на која ќе градиме посветла иднина за сите. Мора да се здружиме, како едно семејство на СДСМ, да обезбедиме нашите гласови да бидат обединети и силни.

Драги пријатели,

СДСМ имаше тежок мандат од седум години во кој направи многу позитивни работи за државата и граѓаните. Мандат во кој решивме наталожени проблеми, се боревме со три кризи и го штитевме стандардот на граѓаните.

Многу енергија потрошивме за земјата да стане членка на НАТО, да почнеме разговори за членство во ЕУ и да ги зачуваме внатрешниот мир и стабилноста преку изградбата на едно општество за сите.

Некои можеби ќе речат дека премногу сме жртвувале за остварување на тие цели. Но, не заборавајте колку е тоа важно во време кога две големи војни не стивнуваат, кога младите бегаат затоа што бараат европски стандарди, кога неизвесноста е поголема од кога било.

Веројатно има многу за што да ни замерат граѓаните, но не може да ни замерат за исправноста во намерите и политиките со кој се грижевме за секој, во едно исклучително тешко време за владеење.

Почитувани граѓани,

Ја слушнав понудата која вчера партијата ЗНАМ ја даде јавно до СДСМ. Дозволете ми кратко, да ја кажам вистината за овој политички маневар на Максим Димитриевски. Понудата на ЗНАМ кон СДСМ не е реална понуда. Ваквата понуда е очекувано да биде одбиена од кое било раководство на партијата. Таа е направена со цел да биде одбиена. Нема чесни намери во делувањето на Максим Димитриевски кон СДСМ или членовите на партијата за кои наводно го болело срцето. Неговиот предлог, кој повеќе личи напишан во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, е само алиби да ја оправда коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, во која е ефективно уште од 2021 година. Оние кои му мислат добро на СДСМ секогаш остануваат и се борат од внатре да ги менуваат работите на подобро. Вистинските социјалдемократи не бегаат и не се обидуваат да ја поделат СДСМ.

За крај почитувани граѓани, драги пријатели, имам само да порачам уште еднаш добро да размислите пред гласањето на 8 мај. Гласот е одговорност кон себе, но и кон сите други во општеството, гласот е алатка за избор на тоа каква иднина сакате.

Да се мобилизираме за изборите на 8 мај и да постигнеме добар резултат.

Да направиме моќна парламентарна група во Собранието која ќе може да формира коалициона влада или да се спротивстави на секој кој сака да и наштети на Македонија. Потребен ни е силен СДСМ, на граѓаните им е потребен. Партија која знае да се обновува, да расте и да победува. И јас сум убеден дека ќе постигнеме добар резултат на 8 мај.

Не се откажуваме од СДСМ. Не се откажуваме од остварување на стратешките цели на Македонија. Не се откажуваме од иднината.

Радовиш треба да ни донесе радост. Од овде и од оваа изборна единица може да почне големиот пресврт.

ShareTweetShare
Previous Post

Автомобил во движење се запалил на патот Струмица – Берово

Next Post

Денеска е Велики Петок, најтешкиот празник во годината

Related Posts

Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино
Вести

Преку ИПАРД набавив нов трактор – аплицирав сам без консултанти и чекав долго но вредеше, вели Александар Гугуљанов од струмичко Муртино

среда, 15 октомври, 2025 | 08:11
Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години
Вести

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

понеделник, 13 октомври, 2025 | 13:09
Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица
Вести

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

понеделник, 13 октомври, 2025 | 08:55
Изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“ струмичани ќе можат да ја видат од 17 до 19 часот секој ден
Вести

Изложбата „Средновековни тврдини во југоисточниот регион на Република Македонија“ струмичани ќе можат да ја видат од 17 до 19 часот секој ден

понеделник, 13 октомври, 2025 | 08:36
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Велес, загина маж, а 18-годишно момче од Струмица е тешко повредено

недела, 12 октомври, 2025 | 17:46
Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот
Вести

Во Струмица одбележан 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание и Денот на борецот

сабота, 11 октомври, 2025 | 13:17

ТОП ВЕСТИ

Во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Велес, загина маж, а 18-годишно момче од Струмица е тешко повредено
Јасмина Вучкова од струмичкиот театар со награда на МТФ „Денови на комедија“ – Куманово 2025
Во Струмица одржан првиот училишен Октоберфест

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

Филипче: Марјан Даскаловски е човек од народот, теренец и докажан работник за Струмица

Даскаловски ги обедини поранешните и сегашните социјалдемократи во Струмица

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Јанков најави промени и нова енергија за општина Струмица

Даскаловски: Енергијата што ја чувствуваме вечерва е доказ дека овој град знае што сака и знае кој може да го води напред

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Движењето ЗНАМ ќе ги промовира кандидатите за советници на Советот на општина Струмица
Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist