вторник, 16 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

УЈП: Угостителите за претстојните празници да работат во согласност со законите и да ги исполнат даночните обврски

сабота, 14 декември, 2024 | 12:53
in Вести, ВЕСТИ од Македонија
Граѓаните да не отвораат СМС пораки и да не споделуваат лични податоци кон ujp.mk

Управата за јавни приходи ги потсетува сите угостители кои организираат предновогодишни и новогодишни дневни или вечерни прослави и продаваат влезници (резервации) и/или ваучери, должни се да издадат фискална сметка при продажбата на истите, согласно член 2 од Законот за регистрирање на готовински плаќања.

Оваа обврска секако се однесува и на сите останати угостители кои ќе остварат готовински промет за други угостителски услуги, истиот да го регистрираат преку одобрен фискален систем и да издаваат фискални сметки за крајните корисници на услугите.

Воедно ги потсетуваме даночните обврзници – угостители кои ќе ангажираат музичари или естрадни уметници во наредниот период како физички лица, да склучат договори за извршување на повремени или привремени услуги и да го пријават и платат данокот преку системот на УЈП на https://e-ujp.ujp.gov.mk/

Од значење е да се има предвид дека данокот на додадена вредност не е Ваш – тој припаѓа на сите граѓани!

Апелираме на видно место да истакнете Соопштение, каде што ќе ги информирате потрошувачите за нивната обврска да бараат фискални сметки!

Потрошувачите на добра, односно корисниците на услуги, при купување должни се: „Да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштање на местото на прометот на доброто, заради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки.”

Управата за јавни приходи врши контроли на терен на цела територија на државата. За угостителите кои нема да издаваат фискални сметки или нема да ги почитуваат законските обврски, ќе бидат преземени соодветни мерки и поведени прекршочни постапки согласно Законот за прекршоци, Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП) и Закон за даночна постапка (ЗДП) и тоа преку издавање на прекршочен платен налог.

Доколку обврзниците ја платат глобата во рок од 8 дена, износот на истата се преполовува, но доколку глобата не се плати во зададениот рок, УЈП поднесува барање до Комисијата за поведување на прекршочна постапка и изрекува забрана за вршење на дејност во траење од 15 дена, сѐ до моментот на плаќање на глобата и отстранувањето на неправилноста.

Во случај, даночните обврзници да не се усогласат со Законот за регистрирање на готовински плаќања, при повторна контрола УЈП има право веднаш  да изрече забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена.

Стопанствениците регистрирани даночни обврзници кои закупиле штандови за продажба на пијалаци, храна и други производи на организиран простор за прослава за претстојните празници, имаат обврска да користат одобрен фискален апарат, во доволен број, и за секоја услуга, односно за секоја продажба да издаваат фискална сметка. Воедно, во книгата на дневни финансиски извештаи да го евидентираат остварениот промет за секоја фискална каса навремено, а најдоцна наредниот ден да го уплатат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на платен промет.

Испраќаме апел и до сите физички лица кои ќе вршат дејност од времен карактер, како дел од базари или новогодишни и божиќни настани на отворен или затворен простор, а сè уште се немаат усогласено со Законот за данок на личен доход (ЗДЛД), да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот од вршење на дејност од времен карактер, во подрачната единица на УЈП каде што ја вршат дејноста, со цел да им се издаде решение со утврдени аконтации на данокот на личен доход и налози за плаќање на данокот за остарениот приход во периодот додека ја вршеле дејноста.

УЈП апелира сите даночни обврзници да  се придржуваат кон законските обврски и да бидaт одговорни даночни обврзници!

За сите дополнителни информации или прашања, можете да се обратите во Контакт центарот на УЈП.

Контактирајте нè на:

Е-пошта: infо@ujp.gov.mk

Фиксен: 0800 33 000

Мобилен: 02 325 3200

ShareTweetShare
Previous Post

Во Иловица 21-годишно момче од продавница украло над 250 кутии цигари

Next Post

И годинава пак беа убави, во свој стил на модната писта – „Убави сме, свои сме 2024“

Related Posts

Два часа прекин на електричната енергија во Индустриска зона Василево
Василево

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково

понеделник, 15 септември, 2025 | 13:56
И советникот Ѓорги Танушев реагираше по обвинувањата кон него од страна на претседателот на Советот, Марјан Даскаловски
Вести

Ѓорги Танушев ќе ја предводи независната советничка листа на „Стига Е“

недела, 14 септември, 2025 | 19:22
Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Утре прекин на електричната енергија во Василево, Пиперево и Просениково
Во Струмица ќе се одржи панел дискусија на тема „Европска иднина за Југоистокот – земјоделство и улогата на заедницата“
Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist