Струмичанецот Павле Витанов продолжува да го воодушевува жирито, но и публиката со својот моќен глас во популарното ТВ шоу „Никогаш не е доцна“.
Павле во синоќешното издание на шоуто ја пееше песната „Женет сум“ од Дејан Матиќ, а по изведбата Цеца Ражнатовиќ кажа дека Павле беше најдобриот изведувач вечерва.
Павле Витанов во ревијалниот дел на шоуто пееше во дует со 18-годишната пејачка од „Ѕвездите на Гранд“, Зорана Миќановиќ. Двајцата како одлични вокали направија неверојтна изведба на една тешка песна за изведба „Ти можеш се“, за која добија громогласен аплауз и од публиката и од жирито.